По потрага по лек за ракот Inspire article

Преведено од Наталија Ацеска (Natalija Aceska). Џоан Масагуе откри тајни кои што можат да спасат животи. Експерт во делбата на клетката и ширењето на ракот, тој е еден од…

Што ве воведе во науката?

Joan Massagué
Слика на ИИБ Барселона

Природата и колекционерството се работи кои одсекогаш ме фасцинирале. Се сеќавам на денот кога ние ги учевме минералите во основно училиште. Едноставната замисла дека металите би можеле да бидат екстракти од карпа беше како феномен за мене. Јас бев несомнено љубопитен за тоа како нештата во природниот свет функционираат и бев доста среќен да имам родители кои го разбираа и поткрепуваа тоа. Тие ме поттикнуваа и ми го олеснуваа учењето – но никогаш не ме присилуваа. Јас мислам дека ова во мене влеа вистинска желба да научам повеќе за нештата. На врвот од љубопитноста, семејната традиција секако одигра улога. Јас доаѓам од семејство на три генерации на фармацевти – мојот дедо, чичко, татко и мајка беа фармацевти.

Природно, кога беше време да одлучам што да учам на факултет, јас одбрав фармација. Моите студии одеа добро и јас одев од испит на испит, но тоа беше се до четвртата година од педгодишната програма кога сфатив дека моја вистинска љубов беше биохемијата. Ми се стори дека таа е зовриен лонец за идеи. Структурата на ДНА беше решена неколку години претходно, и обезбеди еден темел на кој беа базирани мноштво принципи од биохемијата. Поимите како хормоните дејствуваат на клетките – и можноста за разбирање што точно тие беа и што тие правеле – ме интригираа. Па јас одлучив да се префрлам и докторирав на биохемија.

Моите PhD тези се фокусираа на метаболизмот на гликогенот и неговата контрола од инсулин, молекула инволвирана во диајбетис. Еден ден раководителот на одделението ме праша: „Добро, што е тоа што ти сакаш да правиш?“ Јас одговорив, „Да најдам лек за дијабетис, се разбира. “Добар одговор, тој рече, но премногу амбициозен. Болестите треба да бидат решени чекор по чекор и тие би нашле доволно добар проект за мене за да работам на него. Се сеќавам на намигнувањето и давањето нему еден нејасен одговор, но мислејќи внатре, „Но она што навистина сакам да го правам е да најдам лек за дијабетисот.”

Од 1976 до 1979 моите истражувачки тези и раниот развој како научник напредуваа под охрабрувачкото раководство на мојот докторски ментор, професор Џоан Гуиноварт. Во исто време, како и да е, јас сведочев за ограничени перспективи што академските научници ги имале за идна кариера во Шпанија. Декадии од неодговорност на владата, суви извори и сиромашното раководство ја направија перспективата на истражувањето мошне непривлечно. Во 1979 јас заминав на постдокторско обучување на Универзитетот Браун во САД, убеден дека тие требаше да бидат моите последни години на истражувачки научник.

Јас предвидов враќање во Шпанија за да настојувам кариера како фармацевт или во локалната фармацевска индустрија. Наместо тоа, едно нешто водеше кон следно во САД и по продуктивниот постдокторски период со професорот Михаел Чех, јас се пронајдов себе си во 1982 како глава на независната лабораториска група на Универзитетот на Масачусетс. Во тоа време, јас преминав од студии за дијабетис кон студии за клетки и развој на ткиво, кои се значајни за ракот. Во 1989 ми беше понудено претседателско место на Меморијалниот Слоан – Кетерин Центар за Рак во Њујорк и таму останав.

Вашето скорешно истражување се фокусира на студијата за метастази (малигно ткиво) – процес преку кој туморот се шири од еден орган до друг и кој предизвикува 90% од сите смртни случаеви од рак. Како тоа се случува?

До неодамна, метастазите се мислеше дека се како сложен процес што ние дури не знаевме каде започнуваат. Во неодамнешните години, како и да е, ние започнавме бавно, но сигурно да ги разоткриваме неговите тајни. Беше невозможно да се рече, на пример, што ја прави клетката на ракот сама од себе да се ослободи од ткивото и што ја прави неа залепена во друго. Ние знаеме, на пример, дека нормални клетки на тумор до метастази мора да претрпат одредени генетски промени и исто така дека ткивата што овие клетки ќе ги колонизираат мора да имаат одредни карактеристики кои се склони на упадот и растењето на туморните клетки. Многу луѓе не знаеја, на пример дека клетките на ракот кои потекнуваа во градите се стремат да се населат во коските, белите дробови, црниот дроб или мозокот. Туморите во дебелото црево, како и да е, обично метастазите до црниот дроб или белите дробови, но ретко до коските или мозокот. Ние не само што ги откриваме гените кои дозволуваат да се одвиваат овие специфични миграции, но исто така добиваме сознанија чекор по чекор за процесот.

Неодамнешната работа од мојата лабораторија, на пример, покажува дека комбинирана активност на четири гени дозволува на туморната клетка да избега од нејзините природна средина и да навлезе во далечен орган. Ова е тоа што се случува кога една туморна клетка од градите метастазира до белите дробови. Но што се случува во еден вид тумор не секогаш се случува во друг. Ние сега проучуваме дали истите гени се вмешани, на пример, раковите што се шират од градите до мозокот или до коските. Да се надеваме оптимистички, ако ние можеме да ги идентификуваме и да ја разбереме улогата на гените вмешани во ширењето на различни видови ракови, ние ќе бидеме способни да конструираме лекови да ги деактивираат овие гени и да го запрат процесот.

Дали сте оптимист дека лекот за ракот ќе биде пронајден за време на вашиот живот? Што мислите дека е потребно да се оствари ова?

Јас сум многу полн со надеж. Третманот за ракот виде неверојатни напредувања за време на годините и сега постојат поголеми ефективни третмани за одредени видови тумори. Благодарение на прогресите во истражувањето и резултатот од лековите, некои форми од детството на леукемиите, на пример, има ослободена норма од над 90%, каде пациентите не покажуваат никакви знаци или симптоми на болест. Ние треба да откриеме нови третмани кои ќе бидат поефективни, помалку токсични и помалку скапи отколку оние што ги имаме во сегашноста.

Јасно е дека најдоброто истражување, видот кој навистина ќе придонесе за важни резултати, ќе бара експерти од многу различни полиња работејќи заедно – и за ова нас ни се потребни подобри вештини и соработка. Сегашното истражување за ракот се потпира на култивирани техники на снимање, висока резолуција на Х-зараците, генетика, транскрипција на гени, компјутерска наука, молекуларна и клеточна биологија, генетски израз и биофизика – како дополнение на клиничката компетентност. Оваа нова култура на интегрирани клинички и експериментални науки формираат реални можности за продуктивно заемно дејство. Идејата е дека за три декади ние ќе знаеме доволно за биолошките и генетските бази на ракот за да можеме да правиме разлика.

Како резултатите од истражувањето излегуваат од лабораторијата и одат во болниците каде тие можат да им помогнат на пациентите со рак?

Традиционално, терапиите за лечење на ракот вклучувајќи хирургија, радиотерапија и хемотерапија, направија одлични чекори во намалувањето на нивото на морталитетот предизвикан од страна на многу видови ракови. Но овие стратегии главно се фокусираат на преместувањето на цврсти тумори и потоа лекуваат соседни клетки со зрачење и лекови за да се оневозможува повторно растење на туморот. Често главната цел на ова пристапување е да се контролира растежот на главниот тумор, кога можеби проблемот исто така лежи негде на друго место – во второстепените тумори кои се појавуваат во други делови на телото кога ракот се шири или метастазира. До неодамна, мало истражување и неколку обиди за откривања на лекови се фокусираа на овој аспект. Знаејќи ги гените кои се вмешани во метастазите ни дава некои добри мети за лекови кои можеби ќе функционираат.

Иако се уште е рано, следниот чекор е да се испитаат овие можности. Прво, потенционалните лекови мора да бидат откриени и тестирани во лабораторија, во клетки и животински проучувања. Кога овој процес е завршен и потенционалите лекови потврдуваат да бидат ветувачки, тоа мора да оди низ серии од клинички проби – развиени од страна на доктори – во кои тоа е тестирано на група од тест пациенти со рак да се виде колку е ефективно и дали предизвикува странични ефекти. Ова е долг процес, меѓутоа без никакви гаранции. Воопшто, само многу малку потенционални лекови откриени во лабораторијата ја достигнаа целта на клиничките проби и тоа може да одзема до 15 години за еден лек да биде одобрен. Тоа е долг процес со огромна инвестиција во време, напор и пари, но далеку вреден на крајот кога ние ќе успееме да најдеме третман што спасува животи.

Што би и рекле на личност со рак или некој сакан со рак, кои дознаваат за вашето истражување и сакаат да знаат кога лекот ќе биде достапен да му помогне нив?

Ова е многу тешко прашање и едно кое често допира. Јас обично им објаснувам на луѓето со вакви видови прашања дека јас не сум доктор и квалификуван да ги лекувам пациентите. Јас работам во лабораторија и се фокусирам на истражувањето зад процесите вмешани во ракот, не на развивањето на лекови или нивното приложување на пациентите. Одговорноста за лекување на пациентите и почнување клиничи обиди, на пример, лежи во докторите во болниците. Што е сигурно покрај се, е дека за да се победи ракот научниците и докторите мора да работат внимателно заедно. Тоа е, сепак крајно пријатно кога ние правиме откритија кои завршуваат помагајќи им на луѓето.

Вие ја напуштивте Шпанија пред 28 години за да дојдете во САД и Меморијалниот Слоан – Центарот за Рак Кетерин. Сега вие помагате да се постави новиот Институт за Истражување на Биомедицината (ИИБ) во вашиот роден град Барселона. Колку е важно да се поврзат разликите помеѓу истражувањата направени во различни делови во светот?

Иако моето лабораториско истражување е базирано во Њујорк, јас соработувам цело време со други институции на локални, национални и интернационални нивоа, вклучувајќи го ИИБ Барселона. Ова е начинот на кој истражувањето треба да биде направено. Научниците сфатија дека тие не можат да работат ефективно во изолација. Иако тие можат да бидат многу добри во нивната работа, тие никогаш не ќе достигнат цел погодок за да способно ги преведат основите резултати од истражувањето во медицинските апликации ако тие работат самостојно. Идеата е да се комбинира научна, технолошка и медицинската стручност за да се создадат цврсти интегрирани врски со интернационално постоење што можат да функционираат заедно со слични институции и болници низ светот за да ги споделат нивните знаења и стручност.

Тоа е возбудливо време да се работи во науката. Преку овие видови на соработки научниците сега имаат многу можности да го поминат нивното време работејќи во лаборатории во различни држави. Талентот и страста за наука можат да пристигнат од секаде. Некои членови во мојата лабораторија пристигнаа од големите градови со познати универзитети (како Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Сантијаго, Мексико, Торонто, Виена, Мунич, Рим, Мадрид, Барселона, Бејџинг, Калкута, Токио и Инстамбул), но други пристигнаа од мали градови. Еден студент израснал во далечна Хималајска долина во Непал, друг на мал остров на брегот на Исланд, друг во мал град во северна Грција, а друг во земојделска област во Аргентина. Со позитивно однесување и малку среќа, луѓето со талент и страст секогаш наоѓаат правец.

Се додека Шпанија е загрижена, ситуацијата е за среќа многу поразлична отколку кога јас заминав. Има многу подобро препознавање на делот од владата на потребата да се создадат институции и инфраструктури кои им дозволуваат на шпанските научници да прават навистина значајна работа. Шпанија има одлични истражувања за ракот кои постигнуваат многу добри резултати на интернационално ниво. Меѓутоа нивните научни резултати традиционално наидуваат на пречки во објаснувањето во допирливите резултати. Нас ќе ни треба да најдеме поефикасен начин да ги донесеме заедно трите главни средства кои ние ги имаме во борбата против ракот: фундаментално, клиничко и фарамацевтско истражување.

Едно нешто е сигурно и покрај се, и тоа е дека пред наредната генерација на научници стои една многу добра шанса на правење реална разлика во борбата против ракот. Нашата работа е да се увериме дека ние одгледуваме млади таленти и ги снабдуваме нашите биолози, генетичари, фармацевти и доктори со обука и истражувања кои им се потребни да го надминат предизвикот. Мојот совет за идните научници? Појави се на твојот локален колеџ или универзитет и зборувај со дипломираните студенти и други научници. Прашај ги нив како тие започнале и со какви можности слушнале за некој како тебе. Земи разновидни мислења и потоа оди понатаму!

Download

Download this article as a PDF

Web References

Author(s)

Џоан Масагуе е претседател на Програмата за Биологија на Ракот и Генетика на Мемориалниот Слоан –Центар за Рак Кетерин во Њујорл, САД и помошен директор на Иститутот за Итражување во Бомедицината во Брселона, Шпанија.


Review

Џоан Масагуе е добро познат и почитуван интернационален научник. Фасцинантно е да се прочита како тој влегува во истражувачкото поле. Како многу други научници, тој имал амбиции да учи други предмети и да ја пронајде својата страст по патот!

Професор Масагуе е полн со надеж дека терапиите ќе бидат развиени да ги блокираат гените одговорни за метастазирањето. Како дополнение на обезбедувањето краток преглед на сегашното истражување, интервјуто би можело да биде користено на неколку начини: да помага во согледувањето: да надополнува задачи на генетиката на ракот; како почеток за подалечно истражување во леукемијата и тврдите тумори, од замисла до клиничка употреба, или да се започне дебата на владиниот пронајдок на истражувањето на ракот и третманот на пациентот.


Шели Гудмен, Англија




License

CC-BY-NC-ND