Author(s): Хајнц Оберхумер, Маркус Бехакер
Преведено од Наталија Ацеска (Natalija Aceska) & Александра Ацеска (Alexandra Aceska). Филмовите за наука или дури и псевдо-наука можат да бидат моќни алатки во уилницата. Хајнц…
Во училницата, една сцена или клип од популарен филм или документарец за наука или дури псевдо-наука може да биде користена за да се стимулира дискусија и да се зголеми интересот за научните теми. Веб страната (Кино и Наука) формирана во декември 2006г, ќе опише широка разновидност на филмски сцени кои обезбедуваат објаснувања и позадински информации за да им помогнат на наставниците за да подготват инспиративни часови базирани на филм.
Оваа статија на филмот Длабок Судар обезбедува примерок од содржината развиена од ЦИСЦИ, вклучувајќи објаснувања за ученици и позадински информации за наставници.
Длабок Судар
Младиот астроном Лео Бајдермен открива комета. Во обид да ја уништи, една совалка е исфрлена за да ги замени нуклеарните бомби на кометата; кога тие се детонирани, тие успеваат во разделување на кометата на два дела. Поголемиот дел ја промаршува Земјата, но помалиот дел паѓа во морето создавајќи цунами. Во подготовките за ударот, ограничен број на граѓани се засолнати во специјални бункери, подготвени да го обноват оптштеството откако катастрофата помина. Луѓето се избрани преку лотарија заедно со 200 000 научници, доктори, војници и други функционери.
Табела 1: Детали за Длабокиот Судар
Наслов |
Длабок Судар |
Година на реализација |
1998 |
Продуцент на филмот |
DreamWorks SKG, Paramount Pictures, Zanuck/Brown Productions |
Режисер |
Мими Ледер |
Научен предмет и тема |
Физика и астрофизика |
Сцена 1:Комета предизвикува мега цунами
Како што кометата поминува низ атмосферата, триењето со воздухот предизвикува таа да стане џиновска огнена топка. Кога таа го погодува океанот, таа предизвикува мега-цунами со бранови околу 400м висина. Цунамите се шират и ги опустошуваат Њујорк, Вашингтон, ДЦ и ги поплавуваат пространите крајбрежни области.
Табела 2: Сцена 1 детали
ДВД |
Длабок Судар, Специјално издание, DreamWorks Home Entertainment |
Времетраење |
Траг 27, 01:39:05 – 01:41:55 |
Научни клучни зборови |
Комета, Астероид, Планета |
Основно објаснување
Кометите се состојат од лед и прашина и затоа често се наречени валкани снежни топки. Тие доаѓаат далеку од Сончевиот Систем. Астероидите од друга страна се карпи од област помеѓу планетите Марс и Јупитер. Понекогаш комета или астериод може да ја погоди Земјата. Ако падне во океанот, серија од џиновски бранови ќе предизвикаат цунами.
Во оваа сцена, еден џиновски цунами е произведен кога кометата го погодува океанот. Цунамот, неколку стотици метри висок го опустошува Њујорк и други крајбрежни области. Давајќи ја големината на комета со дијаметар од неколку километри, суровоста на цунами е реална.
Дополнително објаснување
Комети
Кометите содржат лед и прашина и затоа често се наречени валкани снежни топки. Тие потекнуваат од далечна област од Сончевиот Систем наречена Оорт облак. Кога кометите се приближуваат до Сонцето, тие се загреваат и емитуваат честички од нивната површина (прикажани во филмот како мини ерупции). Овие честички тогаш се дисперзирани од бран од Сонцето, формирајќи ја карактеристичната опашка на кометата. Кометите често имаат две впечатливи опашки покажувајќи во тенки различни насоки: едната направена од прашина и другата од гас.
Оорт облак
Оорт облакот е наречен по Данскиот астроном Јан Хнедрик Оорт и е околу 50 000 до 100 000 км подалеку од тоа што е Сонцето од Земјата. Оорт облакот се состои од билиони комети кои се остаток од минатото кога нашиот Сончев Систем се формирал.
Цунами
Јапонскиот збор „цунами“ е напишан како два карактери. Карактерот „цу“ значи харбор, додека карактерот „нами“ значи бран. Името доаѓа од искуството на Јапонските рибари кои се вратиле на нивниот харбор и го нашле тотално опустошен, иако не забележале ништо надвор од морето.
Висината на еден цунами во отворена вода е често помалку од 1м, иако тоа може да достигне и висина од 30м или повеќе како што се приближува до крајбрежјето. Цунами може да настане од земјотреси, лизгање на копното, вулкански ерупции и удари од комети или астероиди. Најчеста причина е подморски земјотрес.
Низ исправената тежина на водата, брановите можат да ги смачкаат сите предмети на нивниот пат смалувајќи ги објектите до нивните основи. Дури и големите објекти, како бродови и големи камења можат да бидат носени неколку километри во внатрешноста на земјата. После се, еден кубен метар вода има маса од еден тон. Водата патувајќи со брзината прикажана во филмот се однесува како цврсто тело при судар.
Научен опис
Научниците користеа компјутерска стимулација за да опишат астероид или комета со дијаметар 1,4 км сместен во морето околу 600км под површината. Како настан се случува просечно еднаш на секои 1,8 милиони години. Стимулацијата ги произведува следниве резултати:
- Ослободената енергија би одговарала на околу 275 000 мегатони од ТНТ или 275 000 хидрогенски(водородни) бомби.
- Астероидот или кометата би испареле под удар.
- Би бил формиран кратер широк околу 12км и би достигнувал 5000м под водната површина.
- Околу 1 километар кубен водна пареа би испарила заедно со остатоците од кометата или астероидот содавајќи огромен облак.
- Џиновски цунами би бил создаден поплавувајќи крајбрежја и достигнувајќи висина од околу 120м, околу 10 пати повисок од Азиските цунами на 26 декември 2004г. Во фимот, цунамите се високи околу 400м.
Комета се движи со просечна брзина од околу 40 километри во секунда (144 000км на час). Како што се движи кометата на понизок агол низ небото, ние можеме да извлечеме споредба со брзината на патнички авион кој има брзина од околу 800км на час.
Кометата се движи 180 пати побрзо (144 000/ 800) отколку авионот. Еден патнички авион може да биде набљудуван движејќи се низ небото за околу 6 минути или 360 секунди. Кометата би го поминала небото за околу 360/180= 2 секинди. Времето потребно за да кометата се движи низ небото во сцената, според тоа е премногу бавно.
Да сумираме, сцената на Длабокиот Судар покажувајќи комета не е прилично реална. Како и да е, цунамите и неговите уништувачки ефекти во сцената се во суштина научно точни.
Resources
Веб страни за Длабок Судар
Веб страни за комета
Веб страни за Оорт облак
Веб страни за судири на комета или астероид
Веб страни за цунами
Author(s)
Хајнц Оберхумер е координаторот на ЦИСЦИ и е базиран на Виенскиот Универзитет на Технологија, Аустрија.
License